Календар

Јули
п
в
с
ч
п
с
н
 
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
             

Неделен Програм

Воис Мастер курс

Харе Кришна
Маха - Мантра

Бог? Кој е Тоа?

Толку често сме го слушнале терминот „БОГ”, но дали навистина знаеме кој е тоа? Дали е тоа име или само назив кој опишува некоја личност за која се претпоставува дека е над сите? Толку многу прашања, а како да одговориме на нив? Сите се сложуваме дека ние како луѓе сме несовршени... Како тогаш ние кои сме несовршени можеме да сфатиме некој кој е Совршен? Нашите сетила не слушаат и не гледаат многу далеку (всушност и некој животни се многу подобри од нас во тој поглед), како е тогаш можно да сфатиме некој кој се наоѓа надвор од досегот на нашата перцепција... Можеби со нашата интелигенција, која е дефинитивно најголема меѓу сите живи суштества на оваа планета? Но, сепак таа е материјална и со неа единствено каде што можеме да лутаме и шпекулираме се материјалните сфери, а самиот Господ е потполно духовен, антиматеријален... Како тогаш можеме да ја сфатиме таа личност и дали е тоа воопшто возможно? Одговорот е дека можеме, но не сами... Потребна ни е помош и водство од луѓето кои ја спознале. Самите не можеме да ја сфатиме ниту да ја видиме таа Севишна Божја личност... Посебно ако се трудиме тоа да го направиме со нашите очи кои можат да видат само предмети од материјата. Мораме да добиеме духовни очи за да можеме да видиме духовни работи. Во ова време во кое живееме најбрзиот и најдобар процес за добивање такви очи е пеењето на Светите Имиња на Господ.


Луѓето кои не се духовни се трудат да претпостават или само шпекулираат за Него, но тоа е само губење на време... Доколку сакаме да станеме хирург или механичар потребно е да одиме на медицински факултет или во механичарско училиште и така да го стекнеме потребното знаење, ако се трудиме самите да станеме стручни на тие полиња без потребното знаење нема ништо да постигнеме... Истото се однесува и на духовноста. Оној кој навистина сака да го спознае Господ малку повеќе, би требало да го добие соодветното знаење. Тоа може да биде преку одредени книги, но најдобро и најбрзо ќе научи во друштвото на духовните личности. Всушност, затоа е и отворен нашиот храм во Скопје, за да им се приближи на луѓето неверојатното знаење кое го нуди ведската литература.
Во Индија сите знаат како изгледа Господ, како се вика, каде живее... Тие најстари списи даваат голем број информации за кои ние од западот никогаш не сме слушнале. Поради тоа што Ведите се дадени од самиот Бог тие најмногу и најдобро го опишуваат Него. Господ дефинитивно не е некој грбав старец, напротив Тој е најпрекрасната личност (како што може да се види на сликата)... Тој е преполн со разни имиња од кои некои се главни а некои споредни. Кришна е едно од главните имиња кое во превод значи СЕПРИВЛЕЧЕН. Тој живее во духовниот, антиматеријален свет каде не постои времето, додека во исто време со својата несфатлива енергија ги одржува материјалните универзуми и понекогаш лично доаѓа да ни помогне да се вратиме кај Него.
Ведската литература е полна со овие информации и многу детално ги објаснува и духовниот и материјалниот свет, доколку сте заинтересирани некои од тие книги се достапни и на македонски јазик.


Кратки статии

Бог? Кој е Тоа?

Што значи бхакта или ваишнава?

Зошто се кравите свети?

Колумни

PDF преэентации